Notice: unserialize(): Error at offset 32704 of 32735 bytes in /home/eccproje/public_html/libraries/joomla/cache/controller.php on line 200
ВИСОКА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА – БИТОЛА

                               

                                         

                                        Обезбедуваме Алтернативни Предшколски Сервиси                     en I mk

                                   Грижа за Деца од Предшколска Возраст

 

ВИСОКА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА – БИТОЛА

nezz

 

Високата медицинска школа е основана на 28.03.1988 година, како членка на Универзитет „Св.Климент Охридски“ и тоа како Виша медицинска школа, двегодишни стручни медицински студии. Во академската 2002/2003 година,  Школата се трансформира во Висока медицинска школа.

 

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ:

Студиите од прв циклус, коишто ги реализира Школата се со времетраење од три години, односно 6 семестри (180 ЕКТС) и се организирани во следниве студиски програми:

 

 

  • студиска програма за општа медицинска сестра
  • студиска програма за акушерка
  • студиска програма за медицинско-лабараториски аналитичар
  • студиска програма за физиотерапевти и
  • студиска програма за радиолошки технолози

Во рамките на Високата медицинска школа, акредитирани се следниве студиски програми за втор циклус стручни специјалистички студии, во времетраење од 2 семестри (60 ЕКТС) и тоа:

-Студиска програма за медицински сестри:

  • специјализација за интензивна нега
  • специјализација за инструментарка
  • специјализација за семејна и патронажна грижа
  • специјализација за геронтологија и палијативна нега и
  • специјализација за ментално здравје
  • студиска програма за акушерки:
  • специјализација за перинатална грижа и
  • специјализација за примарна здрваствена заштита

-Студиска програма за физиотерапевти:

  • специјализација за рехабилитација во неврологија
  • специјализација за рехабилитација во психијатрија
  • специјализација за рехабилитација во хирургија, травматологија и ортопедија
  • специјализација рехабилитација во детска возраст и
  • специјализација за рехабилитација во домашни услови

-Студиска програма за мадицинско-лабораториски аналитичар:

  • специјализација за биохемиски анализи
  • специјализација микробиолошки анализи и
  • специјализација за санитарна екологија