Обезбедуваме Алтернативни Предшколски Сервиси                     en I mk

                                   Грижа за Деца од Предшколска Возраст

 

Укло

ukloУниверзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола (УКЛО - www.uklo.edu.mk) е вториот по големина државен Универзитет во Република Македонија и најзначајната институција во областа на високото образование во Југозападниот регион на државата. .

УКЛО е со седиште во Битола, но некои од универзитетските високо-образовни и научно-истражувачки единици се сместени во неколку центри надвор од Битола, како Прилеп, Охрид, Скопје, Велес и Кичево..

Од основањето (1979), на УКЛО дипломирале преку 30 000 студенти, моментално студираат повеќе од 12 000 студенти и на почетокот на секоја  академска година се запишуваат приближно  2 500 нови студенти.  

УКЛО спаѓа во категоријата средни по големина  универзитети, тоа е современ универзитет којшто нуди широк спектар студии од прв, втор и трет циклус, во областа на економијата, техничките науки и ИКТ, биотехничките науки, туризмот, наставните дисциплини, здравствената заштита, правните студии, безбедноста и администрацијата. 

УКЛО денес, по 35 годишно делување, се состои од 11 високо-образовни единици (10 факултети, висока медицинска школа и научен институт)

  • Факултет за Технички Науки – Битола  (www.tfb.uklo.edu.mk)
  • Факултет за Економски Науки – Прилеп  (www.eccfp.uklo.edu.mk)
  • Факултет за Туризам и Угостителство – Охрид (www.ftu.uklo.edu.mk)
  • Пдеагошки Факултет – Битола (www.pfbt.uklo.edu.mk)
  • Факултет за Администрација и Менаџмент на Информациски Системи – Битола
  • Факултет за Биотехнички Науки- Битола(www.famis.edu.mk)
  • Висока Медицинска Школа (www.vmsb.uklo.edu.mk)
  • Факултет за Безбедност – Скопје (www.fb.uklo.edu.mk)
  • Правен Факултет – Кичево (www.pfk.uklo.edu.mk)
  • Технолошко – Технички Факултет - Велес (www.ttfv.uklo.edu.mk)
  • Ветеринарен Факултет – Битола (www.vfb.uklo.edu)
  • Научен Институт за Тутун – Прилеп (www.tip.edu.mk).

Единиците на УКЛО овозможуваат специфична академска понуда на 72 (академски и стручни) студии во прв циклус (додипломски), околу 72 студиски програми во втор циклус (56 магистерски + 16 специјалистички) и 19 акредитирани тригодишни докторски студии, произведувајќи високо-образовен кадар, компатибилен на побарувачката на националниот и меѓународниот пазар на трудот.

Во составот на УКЛО има уште два научни институти, единствени во својот вид, како и Универзитетска библиотека и студентски дом, како придружни членки:

Мисијата и стратегијата на УКЛО, како и на единиците, како интегративен универзитет е градење квалитетен универзитет, отворен за потребите на државата, регионот и пошироко. Академските студии подготвуваат високо компетентни професионалци оспособени за извршување јавни општествени активности, за вклучување во бизнис секторот, а стручните студии им овозможуваат на студентите стекнување знаења и пракса, применливи вештини потребни за извршување на работни задачи за непосредно вклучување во работниот процес.

Во ерата на брзите промени во светот, УКЛО се стреми да е во чекор со најновите трендови во уште една приоритетна област – а тоа е интернализацијата којашто подразбира потпишување договори за билатерална соработка со реномирани универзитети во светот, со цел реазлизација на меѓународни академски и научни проекти, учество во програми финансирани од ЕК, создавајќи основа за студентска и кадровска мобилност и слични форми со што ќе се зголеми целокупната видливост на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола на меѓународната карта на високо-образовни институции.

  • УКЛО е член на EUA, IAU и е потписник на Magna Charta
  • УКЛО има потпишано  45 договори за билатерална соработка со универзитети во регионот, земји членки на ЕУ и пошироко во светот.
  • УКЛО, од започнувањето на Програмата, учествува во 55 ТЕМПУС програми.
  • УКЛО е член во  два од тековните ERASMUS MUNDUS конзорциуми, проектите – BASILEUS и SIGMA , а претходно учесствувал во EM2STEM.
  • УКЛО учествува во 4 проекти во рамки на FP7 програмата.
  • УКЛО е носител на  ERASMUS UNIVERSITY CHARTER од април 2009 (EUC No. 255200-IC-1-2009-1-MK-ERASMUS-EUC (ERASMUS Code: MK BITOLA01) и има потпишано 13 интер-институционални договори со ЕУ партнери.
  • УКЛО исто така учествува во 3 проекти финансирани во рамки на IPA-CBC Програмата.